Рекорден извоз од 93 милиони евра на македонски цигари и тутун

Bez autora
Mar 30 2011

Македонскиот земјоделско-прехранбен сектор остварува рекорди, бидејќи минатата година е најуспешната со историски највисок реализирант извоз од 424 милиони евра. Според Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се работи за податоци кои се земени од Државниот завод за статистика и кои се најдобри во последниве 20 години, оти лани се извезени 66 милиони евра, број ќшто е поголем од оној што бил остварен во 2009 година. Трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи лани е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Трговскта размена изнесува 955 милиони евра во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките на земјоделски производи со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто.

Рекорден извоз од 93 милиони евра на македонски цигари и тутунМакедонскиот земјоделско-прехранбен сектор остварува рекорди, бидејќи минатата година е најуспешната со историски највисок реализирант извоз од 424 милиони евра.

Според Перица Ивановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, се работи за податоци кои се земени од Државниот завод за статистика и кои се најдобри во последниве 20 години, оти лани се извезени 66 милиони евра, број ќшто е поголем од оној што бил остварен во 2009 година.

- Трговскиот дефицит со земјоделско-прехранбените производи лани е намален за 34 милиони евра, односно за 23,5 проценти во однос на 2009 година. Трговскта размена изнесува 955 милиони евра во кои доминитраат примарните земјоделски производи со 70 проценти, потоа следат преработките на земјоделски производи со 25 отсто и рибите и производите со риби со учество од 1 до 3 отсто - информираше Иваноски. Заменик-министерот смета дека рекордниот извоз се должи на зголемувањето на производството како резултат на ефективната политика на поддршка од Владата, но и од добрите цени кои се постигнати лани кај поголемиот дел на земјоделски производи.

За него добро е што овој трендот на зголемување на извозот на земјоделски производи продолжува и годинава.

- Тутунот забележа најголем извоз од 72 милиони евра лани, а заедно со извозот на цигари изнесува вкупно 93 милиони евра или 22 отсто од вкупната вредност на извозот. Доколку се споредат овие броеви со оние во 2009, има зголемување на извозот за 17,8 отсто.На второто место е зеленчукот со 65,7 милиони евра или 15,5 проценти, а најзастапени се доматите, пиперката и зелката - вели Ивановски и додава дека споредено со 2009 година зеленчукот бележи зголемување на извозот за 28 проценти.

Висока позиција во извозот зазема овошјето со 9,2 проценти или 39 милиони евра, односно двојно повеќе од 2009 година. Најмногу се извезуваат јаболката со 12 милиони евра, трпезното грозје со 9 милиони евра, а по нив следува бостанот.

Со извоз од 38,5 милиони евра присутно е македонското вино, што пак претставува околу 9 отсто од вкупниот износ.

- И покрај економската криза има и количествено и вредносно зголемување на извозот во однос на 2009 година - укажува Ивановски. Според него особено е значајно што е забележано зголемување на извозот на вино во шишиња за 14,5 проценти.

Раст од 4,3 отсто на ланскиот извоз во однос на 2009 година е регистриран и кај групата на преработен зеленчук и во вкупната вредност на извозот учествуваат со 24 милиони евра или 5,8 отсто од вкупниот извоз.

Во оваа статистика одлични резултати има и за преработките од месо, а забележан е драстичен пораст на извозот во однос на 2009 година за 47 отсто. Со 10 милиони евра овие преработки учествуваат со 2,5 проценти во вкупната вредност на извозот.

Не заостанува ниту извозот на кондиторските производи, маслото од сончеглед и квасецот, којшто достигнал 57 милиони евра или околу 13 отсто од вкупниот извоз.

Лани пак во земјава најмногу се увезло разладено и замрзнато говедско, свинско и месо од живина, во вредност од 75 милиони евра или 14 отсто од вкупниот увоз. За десетина значајни производи остварен е вкупен увоз од 187 милиони евра во кои најмногу учествува шеќерот со 36 милиони евра и маслото од сончоглед со 28 милиони евра.

Најзначајни партнери на Македонија и на извозната и на увозната страна се земјите од ЦЕФТА - Србија, Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина, каде што се извезуваат 52 отсто од македонските производи, а потоа следи ЕУ со 41 процент. Со истиот процент ЕУ учествува и во увозот, а 39,6 проценти се увезуваат од земјите на ЦЕФТА. Значајна позиција има и Бразил со 7,9 проценти од вкупниот увоз, пред се, во делот на месото.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik